Црковните хорови при братствата на Бигорскиот и на Лесновскиот манастир, како и хорот „Хармосини“, синоќа во црквата „Пресвета Богородица“ беа центар на внимание за сеноќното бдение за „Пречистанските преподобномаченици“, што со благослов на Архиеписккопот г.г. Стефан, го организираа монасите од македонските манастири.
Најголем дел од литургиските песни кои ги пееја хоровите изобилуваа со црковни мелодии на македонски јазик.
Не само што испејаните стихови на македонски јазик се далеку поразбирливи за верниците, едноставно тие се воодушевување за слушање.
Монасите на МПЦ-ОА, веќе извесен период се обидуваат да го возобноват македонското црковно пеење во литургиите во црквите и манастирите.
Погледнете го видеото и слушнете ги монашките хорови на Бигорскиот и на лесновскиот манастир.
Да…птркрасно пеат и го величат Бога, АМА за воља на вистината( Бог е Вистина) насловот е лошо напишан! Впрочем станува збор за византиско, а не македонско пеење. Со тоа мислам дека сите треба да се согласиме. Византиското пеење потекнува од империјата на источното римско царство и првенствено тие напеви биле народни кои биле придружувани со инструменти како цитра, кимвал, китара кои се карактеризираат со музикалност и немало ударни инструменти бидејќи се сметале за варварски. Потоа тоналитетите и музичката линија се зема како пснова и почнале да се творат песнопенија во два гласа од кој едниот глас е исон (симболика на сеприсутноста на Светиот Дух) кој е едноличен и без многу варијации и кој ја подржува главната мелодиска линија.
Простете ако грешам…и пошравете ме!
jazikot na koj se velici i pee e makedonski zatoa taka e i naslovot taka mislam jas . ajde najdete nekoj covek koj zboruva na vizantiski ili peee na vizantiski