Почетна Вести ВИДЕО: Чесни сестри рокерки

ВИДЕО: Чесни сестри рокерки

424
0

Главна атракција на заршните моменти од посетата на Папата Франциск на Мексико беше настапот на  музичка група на 12 католички сестри кои веќе 16 години свират поп рок музика и претставуваат вистинска атракција.

Групата се вика „Службеници“, а е составена од членови на заедницата која постои уште од 1998 година во Перу кои живеат споре апостолски правила, со евангелизирање на младите, на семејството и културата, со посебен акцент на кревките, болните и страдалните.

12 калуѓерки се членки во поп музичка група кои искористувајќи го својот музички талент го шират Евангиелието.

Во септември 2015 година го издале своето прво ЦД на шпански јазик, кое еден месец подоцна било претставено на турнеја во Еквадор, Колумбија, Чиле и Перу.

Најгоолемиот хит од албумот е песната „Надевај се на Бог“ .

Сестрите велат дека се подготвени преку различни песни да ги охрабрат луѓето, зашто ритамот на песните е добро мотивиран, затоа што е мешавина на поп, рок и на латински поп жарн.

Се надеваат дека на овој начин можат да покажат дека католичката музика може да биде компонирана со највисоки музички стандарди.

Сестрите сакаат да им помогнат на оние кои имаат потреба, па затоа се кандидираат да учествуваат во многу проекти за маргинализираните групи, како што се бездомниците и оние кои живеат во целосна сиромаштија, како и да се изградат училишта за децата со посебни потреби.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *