Почетна Вести Христијанство ВИДЕО: 25 години од монашењето на епископот Партениј

ВИДЕО: 25 години од монашењето на епископот Партениј

947
0

Пред 25 години, на 5 август 1995 година, на Вечерната богослужба во чест на Светата Маченица Христина, во преславниот храм на Чесниот Претеча во Свештениот Бигорски Манастир, Епископот Антаниски г. Партениј го прими монашкиот подвиг.

Свештениот и превозвишен чин на монашкиот потстриг беше извршен од Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во присуство на духовенството од оваа и од други епархии, како и на родителите и роднините на отец Партениј.

-Легнувајќи крстообразно пред Царот Небесен, воден од маченичка ревност и совест, тогаш 24-годишниот вљубеник во Христа, се предаде себеси „во жртва жива, света и благоугодна на Бога“ (Рим. 12,1), станувајќи самиот една непрестајна молитва, една постојана духовна богослужба. Се распна за светот, умирајќи заради Христа, а многумина оживеа за љубовта Божја; ги напушти световните задоволства и радости, а стана радост за илјадници; остави сѐ, а Бог го направи пријател Свој, велат од Бигорски.

Потенцираат дека сеќавајќи се на овој далечен настан, во чест на 25-годишнината од замонашувањето, Владиката Партениј, браќата монаси и сестрите монахињи од Свештените Обители: Бигорски, Рајчица и Пречиста, приредиле трпеза на љубовта и му ја искажале својата почит, верност, благодарност и љубов на својот духовен татко.

-А тој, низ солзи и трепетен глас, откако длабоко им се поклони на своите монашки рожби и чеда, ни се заблагодари и ни ја искажа својата радост што сега гледа толку монаси и монахињи на место кое некогаш, пред две и пол децении, беше живеалиште само на лилјаци и глувци. Во продолжение, тој сподели со нас дел од своите спомени од почетокот на неговиот монашки живот, за вечерта на неговото монашење, за неговите натчовечки искушенија и борби, за тоа како бил спроведен првиот кабел со електрична енергија во трпезаријата на Горни Палат, за првите богослужби, за доаѓањето на првите браќа, велат од Бигорски.

Погледнете го видеото од замонашувањето.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *