Почетна Анализа ВЕСТ: Најмалку 86 џихадисти во Македонија
ВЕСТ: Најмалку 86 џихадисти во Македонија

ВЕСТ: Најмалку 86 џихадисти во Македонија

176
0

Најавите за нов бегалски бран можат да бидат нова безбедносна закана за регионот, пишува дневниот весник „Вест“, посочувајќи дека по ужасниот терористички напад во Ница, Франција, повторно се отвори прашањето за безбедноста на Македонија и на Балканот, за присуството, активностите и за можните напади од терористи и од радикални групи.

-Според експертите, иако Македонија не е примарна цел на терористите, сепак, претставува добра база за радикализација и за подготовка на групи и акции кои потоа би се спровеле на европска почва.  Воени извори велат за “Вест” дека на територијата на Македонија има 86 џихадисти, кои се повратници од Сирија и од Ирак и кои се кријат на повеќе локации во Скопје, Тетово, Куманово и во Гостивар. Во најдобро можно сценарио, секој од овие 86 џихадисти има тројца приврзаници кои делат исти идеи, со што бројката достигнува до 300 лица.

IZBEGLICE JOS UVEK CEKAJU VOZ U TOVARNIKU-Активностите и движењата на овие 86 џихадисти постојано се следат и, според сознанијата, засега тие немаат план да изведат терористички напади во Македонија”, велат воени извори за “Вест”.

Тие проценуваат дека во земјава постојат некакви ќелии во кои се прифаќаат повратниците од боиштата и се регрутираат нови лица за некои наредни акции, кои овојпат нема да бидат на територијата на Сирија, туку на Европа.

Според професорот Стојан Славевски, најголема безбедносна закана на денешницата се токму овие повратници, кои со своето искуство успеваат да радикализираат млади луѓе, а притоа и да изведат терористички акции.

Македонија треба да соработува со соседните земји, како и со земјите членки на ЕУ и со НАТО, но и со Турција, сe со цел спречување можни терористички закани.

Славевски смета дека Македонија сe уште ќе биде главна порта за бегалците во балканскиот транзитен коридор. Со најавите за нов бран на бегалци се отвора и прашањето за тоа која од транзитните земји ќе послужи како логистички план за идните операции на ИСИС со цели во Европа.

Тој потенцира дека на долгорочен план, Македонија мора да развие поширока општествена стратегија за дерадикализација на исламот, и тоа во соработка со Исламската верска заедница и со другите верски заедници ширум земјава.

beglaci granica 1Според Славевски, иако Франција, Турција и Белгија се земјите во кои во изминатиов период процентот на терористички напади е најголем, сепак, не треба да се заборават и повиците на припадниците на ИСИС упатени кон радикалите на Балканот.

Експертите по безбедност предупредуваат дека можниот втор бегалски бран е сериозна закана за регионот. Мигрантите од конфликтните подрачја во Либија, Нигерија, Чад, Јемен, Сомалија, Еритреја, Судан, во кои е присутен ИСИС, се насочуваат кон Италија, од каде што е можно во септември да се упатат кон Грција и кон Македонија.

Бегалските кампови – јадро на џихадисти

Бегалските кампови во Грција и во Турција се јадро на џихадисти, односно на повратници од Сирија и од Ирак. Според безбедносните извори, на само 70 километри од Македонија, на територија на Грција има кампови во кои, освен регрутација на џихадисти, се врши и обука. Прашање на време е кога повторно Грција ќе биде влез на мигранти од Африка и од Азија. Што се однесува до Турција, на нејзина територија, во близина на границата со Сирија, има четири кампа на терористички организации. Според извештајот на полицијата од округот Дијарбекир, терористичките групи ИСИС и Џебхат ал Нусра формирале четири кампа за обука во кои се наоѓаат околу 14.700 луѓе од Блискиот Исток, Северна Африка, Централна Азија и од Кавказ.

/ВЕСТ

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *