Почетна На иста страна Верските заедници во Делчево застанаа на иста страна
Верските заедници во Делчево застанаа на иста страна

Верските заедници во Делчево застанаа на иста страна

60
0

Одржувањето на духот на меѓуетничка, меѓуверска, мултикултурна и социјална толеранција, градење соживот за идните генерации преку подобро запознавање на едни со други беше една од главните цели на синоќешната трибина во Делчево со наслов „Порака за мир“ организирана од новоформираното Здружение „Асоцијација за добротворни проекти“.

Претседателот на Здружението, Самир Мемедов истакна дека настанот покрај промоција на Здружението, сака да ги осуди сите насилства во светот кои се прават во име на исламот, а воедно и да ја пренесе пораката за оградување од ваквите настани.

– Јас се надевам дека тоа би се остварило со безрезервна поддршка и заеднички ангажман на сите граѓани во сите сфери на човековото живеење. Заемното почитување, мирољубивоста, соживотот, солидарноста, толеранцијата, хуманоста се темелни вредности на секое општество и секој човек би требало да се стреми кон достигнување и идентификација со тие вредности, истакна Мемедов.

На овој настан присуствуваше и министерот без ресор Аксел Ахмедовски, претставници од верските заедници, градоначалниците од Делчево, М.Каменица и Берово, претставници од повеќе институции од Делчево и од НВО сектор.

– Владата е целосно посветена за соработка со НВО сектор, а оваа иницијатива е од посебна важност, бидејќи обработуива тема која не трпи нетолеранција и конфликти и испраќа порака за соживот и почитивање на нашите различности, рече Ахмедовски.

Градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски, порача дека во Делчево, од памтивек, немало поделби по верска или етничка поделба, сите живееле заедно, заедно ги делеле проблемите, болките, тагата, радоста, успесите, заедно го делеле животот.

– На овие простори отсекогаш егзистирале различности, но меѓуетничката и меѓуверската толеранција, соживотот, биле на едно високо ниво во сите сегменти на секојдневното живеење.  Затоа, сакаме да ја надградуваме и да ја сочуваме оваа наша вредност. Ги поздравувам напорите и целите на новоформираното Здружение „Асоцијација за добротворни проекти“ и преку вечерашнава „Порака за мир“, сите заедно, едногласно да ги осудиме насилствата во светот.Апелирам до сите луѓе, без разлика на нивната етничка или верска припадност, заедно, со заеднички ангажман во сите сфери од живеењето, принципите на заемно почитување, хуманост и толеранцијата, да ги вградиме како темелни вредности на нашето општество, рече Трајковски.

/МИА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *