Почетна Вести Европа Верниците на Руската црква во Украина добивале пари за да протестираат против патријархот Вартоломеј

Верниците на Руската црква во Украина добивале пари за да протестираат против патријархот Вартоломеј

217
0

Украинскиот канал „1+1“ објави видео во кое се гледа како демонстранти – верници на Руската црква во Украина добивале пари за да учествуваат во движењата против пристигнувањето на Вселенскиот патријарх Вартоломеј во Киев.

„Колку души сте…? Многу да не зеде?“ се слуша во видеото, како вели личноста што дели пари на демонстрантите.

Протести за пари не се редок феномен во Украина, но досега знаевме дека тоа се однесува на политички дејствија, а не во верски организации. Конкретното видео не е единствен доказ дека учесниците, односно барем некои од нив, во движењата на Руската црква во Украина, земаат пари како би протестирале. Ако навистина во овие случаи важи истото што се однесува на политичките протести, тогаш овие протестанти „против Вартоломеј“ можеби и воопшто да не ја знаат причината за која се собрале таму, пишуваат украинските медиуми во своите извештаи.

Дури и пред пристигнувањето на Вселенскиот патријарх Вартоломеј, попладнето на 20 август, новинарот на „1+1“ се обидел да разговара со луѓето што беа собрани долж автопатот Бориспол-Киев, каде што помина конвојот со патријархот. Дел од нив одбиле коментар, некои од нив рекле дека се нашле таму само за „да видат што се случува“, додека, пак, една жена рече дека „ни рекоа да не кажуваме зошто сме се собрале“.

Извор: Духовен фронт на Украина

Видео: Духовен фронт на Украина (украинска варијанта на веста)

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *