Почетна Коментар „Верниците“ на дедо Петар
„Верниците“ на дедо Петар

„Верниците“ на дедо Петар

1.18K
8

Во последнава година и пол, актуелен е проблемот околу неправедното прогонување, а од вчера и расчинување на игуменот Гаврил од страна на митрополитот Петар. Се слушнаа секакви горчливи клевети, лаги и манипулации, но нивото на сегашните борци и бранители на делата на митрополитот Петар падна под нулата. Не само што шират секакви бизарни приказни меѓу македонската заедница во Австралија, со цел да се наруши угледот и репутацијата на игумен Гаврил, туку сега почнаа и да вршат злоупотреба на идентитет и по јавните медиуми да пишуваат коментари под туѓи имиња.

Денеска и вчера се појавија два коментара на Религија.мк, односно на објавата „Владиката Петар распали од Австралија: Игуменот Гаврил утре ќе биде расчинет“, под името на Ананија Ананиевски и Бобан, искушеникот на отец Гаврил.

Mitropolit petar slika 3Интересно е што во својот манипулативен и егоцентричен залет, престапникот не забележал дека од старт прави неколку трагични грешки и за себе и за оној што се труди да го брани. Само од една кратка психолингвистичка анализа и криминолошки осврт на делото, може да се дознае нешто повеќе за личноста, којашто стои зад тие коментари, и да стане јасно што е вистината.

Вистината е чиста и светла. Таа не може да се брани со лага и со темни дела. Оној, којшто стои зад вистината, храбро истапува јавно, со свое име и презиме, и го изнесува својот став аргументирано и со достоинство. Оној, којшто стои зад вистината, не се плаши да го стори тоа, затоа што има чиста и мирна совест, ги има однапред промислено можните последици на своите дела и зборови и верува дека да се загине праведно е подобро отколку неправедно да се кити со слава и пофалби. Сето спротивно на тоа е дело на темнината, лага и измама. Но, има софистицирана и култивирана лага, а има и таква лага што е ниска, недостоинствена, или народно речено – „сељачка“. Првиот вид лага – софистицираната и култивираната, најчесто е креирана и пласирана од луѓе со поголема интелигенција, експерти во „снаодливоста“, крајно лукави, а втората – „сељачката“ лага, е дело на луѓе чие IQ не е повисоко од собна температура или на луѓе коишто толку ги имаат помрачено нивните страсти, што повеќе не се способни трезвено да расудуваат и да го видат идниот причинско-последичен ефект од нивните дела/зборови. Како и да е, и едните и другите, доколку лагите им се континуирани и стануваат се пожестоки, без исклучок, на такви тактики се мотивирани од анималистички и/или демонски побуди – завист, љубомора, егоцентризам, злоба… и имаат аспирација да напредуваат во усовршување до ниво на професионалност т.е. паталогија, за жал. Крајниот резултат е налудничаво верување во своите лаги. Затоа, пред се’, заради свое психо-соматско здравје, најдобро е ликот со лажен идентитет навреме да се откаже т.е. покае за своите лаги и да се потруди да живее совесен живот.

Понатаму, сакајќи да му помогне на митрополитот Петар и да го одбрани, на јавноста и’ даде сосема спротивна слика. Тој само покажа какви „верници“ стојат зад владиката. Тука се поставуваат две прашања:

  1. Ќе си ја изврши ли г. Петар својата должност на пастир кон дотичниот со тоа што ќе му даде заслужена казна (епитимија) за спасение или ќе го сврти фокусот во друг правец, како што направи минатата година кога пред 100-тина луѓе му беше посочено дека игуменот Никодим одобрува да се мрси за време на пости? Само, да не заборавиме, спасението на една грешна душа носи поголема радост и награда од спасението на 99 праведници (Лука 15:4-7).
  2. Гледајќи го сето ова, дали постои реална причина изневерените верници што застанаа на страна на правдата да сакаат повторно да бидат дел од таа „заедница“, кадешто „љубовта“ царува и за секое неморално дело се слуша ‘амин’ и ‘браво’?

И од криминолошки аспект, лажниот Ананија и Бобан, за поголема убедливост и своја безбедност, не се потрудил многу околку имитацијата на дијалектот и стилот на пишување, така што делува крајно неписмено со неспособноста да оцени каде и каков интерпункциски знак треба да стави и, генерално, со погрешниот правопис и синтакса, што е далеку од нивото на изразување на вистинските Ананија и Бобан. Исто така, оставајќи ги своите лични електронски отпечатоци, заборавил дека може лесно да биде лоциран и соочен со законот на Австралија за кражба на идентитет и нарушување на јавниот углед. Чисто информативно за дотичниот, постои компјутерска лична карта, што се вика ај пи (IP) адреса…

Наравоучение од сето кажано погоре: Човек треба да ги цени правдата и вистината и да ги исполнува, зашто во спротивно може да заврши како психијатриски и/или полициски случај.

п.с. пишано во името на злоупотребените, од загриженост, бидејќи страшна е помислата за светот на психички растроените личности, и од револт поради неправдата во името на Христос.

Пишува: Аргирета Атева

Коментар(8)

  1. Sve Shto e pishano vo tvojot komentar Argireta e na mesto, I bez lagi kako sekopat. Gospod da te blagoslovi Shto sekopat Ja kazuvash vistinata kako Shto e. Mnogu dobri pracanja Za Dedo Petar. Dedo Petar da go napraveshe togash toa Shto trebeshe so Otec Nikodim moze ova situasija nema da beshe kako Shto e sega. Pravdata sekopat pobeduva I ke pobedi.

  2. Секој што ги знае и Боби и Ананија од авион ќе види дека тие постови не се нивни.
    Но тие што незнаат, еве ви одличен пример за кадарот на “верници” на д.Петар.
    Ќе пишуваат во име на други и пишуваат лаги. А тоа кажува многу за нивниот пастир.

    Но не треба да не изненадува тоа…нели.
    Така да бидејки одамна е кажано дека никој ништо несмее да прави без знаење на владиката па се прашувам дали ќе бидат отстранети од црквата Христова или ќе бидат наградени од групата хиени што сигурно го/ги бодрат.
    Не ми се верува дека толку ниско може да се падни под благослов или послушание (како и да го викаат моментално)

    Ох леле, зошто сум изненадена.
    Зарем свештениците со своја рака не потпишаа лажни обвинувања па сега и осудувања?
    (Кој од страв кој од послушание).
    Само никој страв од Бога 🙁

  3. Samiot dedo Petar ne ima uceno deka “NAJDOBRATA ODBRANA E NAPAD” sako izgleda zaboravil sto ne ucel ili pa ne e naviknat lugjeto da go slushaat i da pamtat sto kazal. Pa ete i samiot Go pravi tokmu toa koga cel fokus e na nego zaradi negovoto apsenje i istraga za kriminal on izbrza da napravi nesto kompletno glupavo ke recam (takanarecenoto rascinuvanje na O.Gavril) bidejki ne mu e ni mesto da pravi takvo nesto, samo da go namesti O.Gavril vo fokus i lugjeto da podzaboravat na nego. Samo za zal nekoj obratil vnimanie na tvoite besedi d.Petar…

  4. Аргирета во горниот коментар ја напиша вистината. Правилно ги согледуваш, анализираш и поставуваш работите на место. Те познавам подолго време и во добро светло. И самиот сум запознаен со некои работи, и ти порачувам да продолжиш да ја пишуваш вистината.
    За “Ананија” и “Бобан”, тоа се лажни профили. Тоа не е нивен стил на изразување и на пишување.
    Само луге со ментални недостатоци – дебили, можат да пишуваат такви лаги. Што значи дека на В. Петар не му останале баш многу луге кои се нормални и интелегентни.
    А за Отец Гаврил можам да кажам само пофалби. Тој како Игумен ги разбрал потребите на лугето овде во Мелбурн. Отец Гаврил има повеќе направено за лугето, посебно за младите во овие године, него В. Петар за сево ова време во Австралија.
    Вистината ќе биде удирана и понижувана, но на крајот сепак ќе победи.

  5. Bescelno e veke da se chitaat nivnite lazni komentari, oti ako ja zboruvaa vistinata denes ke stoeshe narodot zad niv. Lesno se otkriva sekoja nivna izmama. Ali imame nie mnogu ubava izreka za toa koja veli ” ne mi e krivo shto me lazesh tuku mi e krivo shto mislish deka ti veruvam”

  6. Spored stavot na pravoslavnite crkvi, ova crkva vo koja e Petar vladika , e raskolnicka organizacija i poradi toa vo nea se odgleduvaat samo raskoli, neslogi, progonuvanja eden so drug. Pa kolkumena do sega ovoj zleben samozavan vladika rascini i protera od taa i taka prognata i osudena raskolnicka organizacija, koja sebe si se narekuva i crkva, koja samo za sebe si vazi za vrkva. Pa toa e crkva na vdovci popovi i verski sluzbenici , koi vo imeto na verata go ekzploatiraat mekdonskiot vernik, kako vo tatkovinarta taka i vo preku okeanskiot svet, koj tamu se nasol poradi korka leb i poubav pecalbarski zivot. Pa tie verski optereteni dobro namazavi vdovci, : Petar, Gorazd, toj Agatangel , a i nmogumina pred niv od istoto milje , vdovci i manipulanti , a osobeno na celo so Smederevecot Dostej Stojkovic n kako prv niven poglavar i negoviot dolgogodisen taena sekretar Stojan Jankovic rakovodeni od isto taka kontraverzniot Done Ilievski i Jone Misevski , ddolgo vreme glumea CRKVA, a i uste dilgo ce glumat,i ce rabotata kako sakat, no ne treba da glumat dodeka sakaat. Treba da im se stavi tocka na nivnata gluma i nivenite verski seansi na steta na verniot Makedonski narod.

    1. Според Вашиот коментар, излегува дека и СПЦ и ГПЦ се расколнички т.н. цркви… да не почнам да ги бројам нивните расколи, неслоги и кавги. А и ако се вратиме наназад, според Вашиот коментар излегува дека и Господ Исус Христос е „расколнички т.н. Господ“ – нели и меѓу 12-те апостоли имало кавги, неслоги, лаги, предавства…

Напиши одговор на Живко Д. Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *