Почетна Политичка теологија Верниците ги одобруваат писмата на Пендаровски и Заев до Вселенскиот патријарх
Верниците ги одобруваат писмата на Пендаровски и Заев до Вселенскиот патријарх

Верниците ги одобруваат писмата на Пендаровски и Заев до Вселенскиот патријарх

227
1

Верниците на Македонската Православна Црква ги одобруваат писмата што Претседателот Стево Пендаровски и Премиерот Зоран Заев ги испратија до Вселенската Патријаршија, со кои неодамна побараа интензивирање на процесот за признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА. Истовремено повеќе од половината анкетирани сметаат дека државата треба да помогне во решавањето на црковното прашање.

Последната анкета на „Религија.мк“, „ИПИС“ и „КАС“, покажува дека за православните верници во Македонија е важно државата и црквата да имаа проактиван улога во решавањето на ова прашање.

На прашањето „Како го оценувате потегот на Претседателот Стево Пендаровски и на Премиерот Зоран Заев да испратат писма до Вселенскиот патријарх со кои бараат решавање на црковното прашање во Македонија?“ , 38,9% се изјасниле „позитивно“, а дополнителни 27,6% со „донекаде позитивно“. Како „негативен потег“ го оцениле 10,7% од анкетираните, а како „донекаде негативно„ 5,3%. 17,4% испитаници немаат став за ова прашање.

Анализата на резултатите покажува дека високи 66,5% од верниците на МПЦ-ОА ги поздравуваат чекорите на Претседателот и на Премиерот како позитивни.

Сепак, кога станува збор за перцепцијата на граѓаните околу тоа, колку таквите писма можат да имаат влијание во решавањето на проблемот, поголем е процентот на оние кои „не веруваат во некое големо влијание“.

На прашањето: „Дали сметате дека овие писма имаат некое влијание и можат да помогнат во решавање на спорот, или не?“, 42,6% одговориле „не“, додека пак 35% одговориле „да“. 22,5% пак „не знаат“ какво влијание ќе имаат овие писма.

Но, кога станува збор за тоа дали државата треба да помогне, или не, верниците немаат долема.

На прашањето: „Дали сметата дека државата треба да помогне во решавањето на црковното прашање, или не треба да се меша?“, повеќе од половината испитаници, или 53,1% одговориле „треба“, додека пак 35,9% снемтаат дека „не треба“. 11% „не знаат“.

Верниците на МПЦ-ОА, кога станува збор за активноста на политичарите, на државата и на владиците во поглед на ова прашање, очекуваат нивна поголема проактивност.

Па така на прашањето: „Дали сметата дека политичарите во изминатиов период се доволно проактивни во лобирање за автокефалност на МПЦ-ОА, или не?“, високи 51,5% испитаници сметаат дека „не се доволно проактивни“, додека пак само 25,8% сметаат дека се „доволно проактивни“. 22,7% немаат конкретен став за ова прашање.

Од друга страна пак на прашањето: „Дали сметате дека владиците на МПЦ-ОА во изминатиов период се доволно проактивни во лобирањето за добивање автокефалност на МПЦ-ОА, или не?“, резултатот е малку поинаков. Мнозинство од 42,4% сметаат дека владиците „имаат проактивна улога“ во овој процес, додека пак секој трети верник смета дека „таа акивност не е доволна“ и очекуваат нивна поголема активност. 26,3% е бројката на испитаници кои „не знаат“ дали владиците се доволно проактивни во лобирањето за признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА.

Истражувањето на јавното мислење, спроведено од „ИПИС“, „Религија.мк“ и Фондацијата „Конрад Аденауер“, е направено во ноември 2020 година. Беа вклучени 1015 испитаници од православна вероисповед, со задржување на генералниот сооднос во поглед на базичните демографски карактеристики како пол, возраст, професија и образование. Маргиналната грешка е помеѓу +/-3.2% со 95% интервал на веродостојност.

Ова е прво вакво специјализирано истражување, во кое учествуваа само испитаници кои се декларирале како православни верници, и е насловено како „Перцепции за позицијата на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија – доверба на верниците, релации со државата, патот до автокефалност“.

 

Коментар(1)

  1. Нема еден нормален што би одобрил растурање на Македонската Православна Црква. Доста со лажни вести.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *