Почетна Репортажа Верници бараат чудо во црквата „Св. Ѓорѓија“ во Дељадровци
Верници бараат чудо во црквата „Св. Ѓорѓија“ во Дељадровци

Верници бараат чудо во црквата „Св. Ѓорѓија“ во Дељадровци

847
0

Верниците што го виделе големиот камен крст поставен во средина на една мала соба во дворот на црквата „Св. Ѓорѓија“ во селото Дељадровци велат дека влева страв, но и верба дека ќе се случи чудо, дека деца ќе оздрават, жените ќе станат мајки, пишува дневниот весник „Дневник“ во својата репортажа од Манастирот.

„Дневник“ пишува дека никој не знае од каде се нашол овој необичен крст тука, кој според епитафот е направен во чест на војник Македонец кој никогаш не се вратил од војна.

deljadrovciКрстот како споменик на внукот, го направил дедо Арсо во 1922 година.

– Многумина кои биле и преспале под него тврдат дека оздравеле или им се родила рожба, вели отец Грозде Мартиновски, домаќин на манастирот и црквата каде што се наоѓа овој необичен крст од делкан камен.

Крстот бил оставен долго време на отворено, во дворот на црквата, но поради необјаснети причини почнале да доаѓаат болни луѓе или жени што не може да останат бремени и да преспиваат под крстот.

– Ние веруваме само во чудата на Бог, но ќе биде неубаво од моја страна ако не кажам дека жени што преспале под крстот в година ни се враќаат за Крштевка. Родители со мали деца доаѓаат и ги ставаат децата да преспијат барем на кратко под крстот. Потоа одиме заедно во црквата и ќе се помолиме. Кога некој очајнички се бори да стане родител, ги пробал сите медицински чуда, на крајот се враќа на старите приказни од бабите и дедовците, се вртат кон религијата зашто, како што велат, црквата им е последна надеж, вели отец Мартиновски.

Целата репортажа прочитајте ја во „Дневник“

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *