
28
0
Претседателот на Венецуела Николас Мадуро побара помошта на Ватикан за решавање на спорот со опозицијата во земјата, пренесува австрискиот медиум ORF.
Владата упатила писмо до апостолскиот нунциарат во јужноамериканската земја, информира градоначалникот на Каракас Хорхе Родригез.
Опозицијата инсистира за ослободување на политичките затвореници, референдум и почит кон парламентот како услови за почеток на дијалог, потсетува медиумот.