Почетна Вера Вељаноски: Соживотот и толеранцијата е пат на просперитет
Вељаноски: Соживотот и толеранцијата е пат на просперитет

Вељаноски: Соживотот и толеранцијата е пат на просперитет

27
0

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски во божикната честитка до претседателот на Евангелско – Методистичката црква во Македонија Емил Заев и до верниците од оваа вероисповест, потенцира дека јакнењето на соживото и толеранцијата е чекор по патот на просперитет на државата.

– Христовото раѓање е величествени ден и празник кој не зближува, ни внесува топлина во домовите и ни дава верба во себе и во другите. Божиќ и радоста на овој голем христијански празник е посебна во животот на многу луѓе во светот, поттикнувајќи ги на добра мисла и духовни победи. Kако христијани да се стремиме кон меѓусебна соработка и почитување. Нашата соединетост околу вербата е и наш поттик да го продолжиме учењето Христово кон создавање на трајни дела и вредности. Потребно е да сме обединети, да делуваме со хуманост и да подаваме рака на оние на кои им е потребна помош. Тоа не прави многу посилни и не охрабрува да ја разбереме смислата на нашето постоење, а со тоа и нашиот живот да биде исполнет со морални и етички вредности.

Во оваа пригода сакам да истакнам дека со почитувањето на религиската различност го јакнеме соживотот, толеранцијата и разбирање меѓу луѓето во Република Македонија. Со тоа ние сигурно чекориме по патот кон просперитетна иднина на државата.

Вам, како и на сите верници на Евангелско – Методистичката црква од Македонија и светот, Ви посакувам овие свети денови да ги поминете во духовен мир, со многу здравје, радост, среќа и бериќет во секој дом. Нека ни е честит и вековит празникот, стои во Божикната честитка на претседателот на Собранието Трајко Вељаноски до Евангелско – Методистичката црква во Република Македонија.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *