Почетна Вера ВЕЉАНОСКИ: Светлината на воскресението ни дава сила
ВЕЉАНОСКИ: Светлината на воскресението ни дава сила

ВЕЉАНОСКИ: Светлината на воскресението ни дава сила

125
0

veligden jajca– Овој прекрасен ден ја носи најголемата радост кога нашиот Бог ни даде можност на нас луѓето да сведочиме за неговите чуда и ни подари вечен живот. Велигден е празник каде го славиме животот кој треба да ни е насочен кон создавање добри дела, пишува Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски во честитката што за  Велигден ја испратил до архиепископот на МПЦ-ОА г.г. Стефан, членовите на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архепископија, како и до сите православни верници на Македонската православна црква во земјата и во странство.

Преку солидарноста и почитувањето еден на друг ги спроведуваме христијанските вредности кои се темел за нашиот напредок во животот. Светлината на воскресението незапирливо продира насекаде околу нас и ни ја дава потребната сила да сме истрајни и да се бориме со злото кое постојано не опкружува. Во нашето модерно време на живеење мораме да бидеме посветени на семејството како основна клетка на нашето општествено живеење, да бидеме сите сплотени и обединети како христијани кои ги почитуваат највисоките морални вредности, наведува во честитката.

Во неа додава дека овој најголем Христијански празник е вистинска можност да ги потврдиме заложбите на Македонската Православна Црква – Охридска Архепископија во зачувување на духовното и културното наследство и идентитетот на македонскиот народ.-  Тоа, стои во честитката, ќе го исполниме ако сме цврсто обединети и истрајни во нашата заедничка цел, а тоа е нашата држава Република Македонија.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *