Почетна Вести ВЕЉАНОСКИ: Свети Сава дава придонес кон културните различности
ВЕЉАНОСКИ: Свети Сава дава придонес кон културните различности

ВЕЉАНОСКИ: Свети Сава дава придонес кон културните различности

204
0

-Празникот посветен на најголемиот српски просветител и светец е препознатлив симбол на српскиот народ. Одбележувањето и славењето на ликот и неговото дело дава придонес во промовирање на различните култури и традиции во Република Македонија, пишува Претстедателот на Собранието,Трајко Вељаноски во честитката до српската заедница во Македонија за денот на нивниот национален и верски празник.

Вељаноски потенцира дека заложба е да се почитуваат различностите и да се продолжи со  негување на соживотот меѓу сите граѓани.

-Во оваа прилика сакам да истакнам дека српската заедница во Република Македонија е составен дел од нашата држава и заеднички придонесуваме во унапредување  на  различните  етнички карактеристики. Наш заеднички стремеж е негување и надградување на севкупната положба и квалитет на живеење на сите граѓани.

Уверен сум дека имаме заеднички цели, а тоа се да продолжиме во реализација на евро-атлантска интеграција на Република Македонија и да градиме модерна и економски развиена држава во која се промовира недискри­минација и се овозможува еднакви можности за сите, стои во честитката на Претседателот на Собранието.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *