Почетна Вера ВЕЉАНОСКИ: Нашите вековни традиции придонеле да си помагаме едни на други
ВЕЉАНОСКИ: Нашите вековни традиции придонеле да си помагаме едни на други

ВЕЉАНОСКИ: Нашите вековни традиции придонеле да си помагаме едни на други

85
0

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски упати честитка по повод големиот муслимански празник Курбан Бајрам, до поглаварот на Исламската верска заедница (ИВЗ)  реис ул улема Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи и до верниците од исламска вероисповед.

trajko veljanoski– Со особено задоволство, од свое лично име и од името на пратениците во Собранието на Република Македонија, Вам, на членовите на Ријасетот и на сите верници од исламска вероисповед во Република Македонија, Ви упатувам искрени честитки по повод исламскиот празник Курбан Бајрам, се вели во честитката од Вељаноски.

Денешниот празник Курбан Бајрам, се додава, ја симболизира хуманоста и солидарноста и потсетува дека љубовта и помагањето треба да се споделуваат, а разликите треба да не спојуваат.

– Нашите вековни традиции придонеле да си помагаме едни на други, без разлика на вера, националност или друга определба. Празникот Курбан Бајрам и оваа година нека биде мотив за меѓусебно почитување, соживот и за градење на заедничка иднина. Во ова пригода сакам да истакнам дека Република Македонија високо ги вреднува мултиетничките и мултирелигиските вредности и традиции, кои создаваат вистински темели на кои се гради преспективата на сите нејзини граѓани. Ви посакувам радост и бериќет во кругот на Вашите семејства и пријатели, се нагласува во честитката од Вељаноски до поглаварот на ИВЗ и до верниците од исламска вероисповед по повод Курбан Бајрам.

/МИА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *