Почетна Вера ВЕЉАНОСКИ: Евангелско-методистичката црква придонесува за јакнење на религиската различност
ВЕЉАНОСКИ: Евангелско-методистичката црква придонесува за јакнење на религиската различност

ВЕЉАНОСКИ: Евангелско-методистичката црква придонесува за јакнење на религиската различност

164
0

EVANGELSKO MEDODISTICKAВелигден по јулијанскиот календар утре го слават и верниците на Евангелско-методистичката црква во Македонија.

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски во честитката до поглаварот на Евангелско-методистичката црква, Емил Заев пишува дека овој празник треба да поттикнува на добра мисла, радост и духовни победи.

-Христовото воскресение ни ја откри смислата за животот и не направи вечни победници над смртта. Kако христијани потребно е да сме насочени кон почитување на највисоките морални и етички вредности и да сме истрајни во нашите цели. Овој голем ден нека продолжи и понатаму да биде изворот на спокој и мир и да ни дава сила да се бориме против неправдата. Нашиот успех и напредок се темели на создавање на добри дела и почит кон сите луѓе.

Убеден сум дека, придонесот на Евангелско-Методистичката Црква во Република Македонија со својата хумана и духовна работа придонесува во јакнењето на религиската различност и соживотот кој пак ни го отвора патот на просперитетна иднина на Република Македонија.

Вам, како и на сите верници на Евангелско – Методистичката црква од Македонија и светот, Ви посакувам овие свети денови да ги поминете во духовен мир, со многу здравје, радост, среќа и бериќет во секој дом.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *