Почетна Вера ВЕЉАНОСКИ: Да се бориме против неправдата
ВЕЉАНОСКИ: Да се бориме против неправдата

ВЕЉАНОСКИ: Да се бориме против неправдата

111
0

trajko veljanoski– Ова е празникот кој ја носи најголемата радост и има посебно место во животот на сите христијани во светот. Велигден не поттикнува на добра мисла, радост и духовни победи. Христовото воскресение ни ја откри смислата за животот и не направи вечни победници над смртта. Овој голем ден нека продолжи и понатаму да биде изворот на спокој и мир и да ни дава сила да се бориме против неправдата бидејќи не опкружува сите нас. Ние со нашето христијанско делување мора да го славиме животот, со чиста душа и добра мисла, да бидеме скромни, да си го почитуваме семејството, да се почитуваме меѓусебно и да си помагаме еден со друг. Христијанските вредности кои треба да ги почитуваме ни се водилка за да создаваме дела за доброто на сите луѓе, пишува во честитката од Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски испратена до Бискупот и апостолски егзарх во Македонија, Киро Стојанов за денешниот христијански празник Велигден.

Претседателот на Собранието во честитката го истакнува личен придонес бискупот скопски и апостолски егзарх Киро Стојанов, како и придонесот на Католичката црква во Република Македонија за мир меѓу луѓето и градење доверба без разлика на етничка или религиска определба.

– Нашето историско минато не има научено дека само заедно и сплотено можеме да се бориме со препреките и предизвиците кои следат, стои во честитката од Вељаноски за христијански празник, Воскресение Христово – Велигден, стои во честитката.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *