Почетна Репортажа Велигденска литија во Бигорски
27
26
25
24
23
22
21
20
19
18
17
16
15
14
13
12
11
10
9
8
7
6
5
4
3
2
1

Велигденска литија во Бигорски

443
0

Голема пасхална литија организирала монашката Бигорска обител од Бигорски и Рајчица за вториот ден на Велигден.

Пасхалната литија ја предводел Архимандритот Партениј, а учествувале монасите и монахињите од двата манастира и голем број верници.

Литијата почнала од дворот на Манастирот „Св. Јован Крстител“ и пеејќи го победничкиот тропар на Воскресението и песните од воскресниот канон се движела низ околината на до Источникот со света вода, посветен на Живоносниот Источник, каде отец Партениј извршил водосвет. Литијата продолжила до манастирскиот овоштарник за да заврши со водосвет во манастирскиот двор и поклонение на светите мошти.

-Радоста што се огледуваше на лицата на Старецот, монасите и монахињите и на сите присутни верници, сведочеше за преголемата благодат Божја на овој втор пасхален ден, велат од Бигорски.

ГАЛЕРИЈА:

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *