1.58K
0
Повеќе од 2000 дечиња од неколку цркви во Скопје, бадниковата поворка во која низ градот ја пееја коледарската песна Вечниот Бог, ја завршија во Соборниот Храм, Свети Климент Охридски, каде ги пречека Архиепископот г.г. Стефан.
Соборниот храм, никогаш не бил поисполнет со дечиња, како на денешниов Бадник. Коледарчињата ја испејаа Вечниот Бог пред Архиепископот, кој потоа им подели пакетчиња на сите учесници во годинашнава бадникова поворка.
Овој настан заслужува внимание и Религија.мк, со задоволство го поддржува.
ГАЛЕРИЈА: