Почетна Репортажа Величествена ноќ за македонските пречистански светии
50
49
48
47
46
45
44
43
42
41
40
39
38
37
36
35
34
33
32
31
30
29
28
27
26
25
24
23
22
21
20
19
18
17
16
15
14
13
12
3
11
10
9
8
7
6
5
4
2
1

Величествена ноќ за македонските пречистански светии

1.79K
0

Црквата „Пресвета Богородица“ во Скопје синоќа беше претесна за да ги собере сите верници кои дојдоа на целоноќното бдение во спомен на „пречистанските преподобномаченици“, што МПЦ ги прогласи за светци во 2012 година.

Изненадувачки беше моментот што како за петок навечер, храмот на МПЦ беше полн со млади луѓе, кои наместо скопските дискотеки избраа да дојдат во Црква на литургија и да ги слушнат црковните пофални песни за Светите Евнувиј, Пајсиј и Аверикиј.

34Сеноќното бдение беше заокружено и со света литургија, која почна во 2 часот по полноќ, со која чиноначалствуваше Архиепископот охридски и македонски, г.г Стефан, заедно со Архимандрите Партениј, Дамаскин и Никола, како и игумените Фотиј, Агатон и Јаков

Пред литургијата на бдението пееаја хоровите при братствата на Бигорскиот и Лесновскиот манастир, како и хорот „Хармосини“.

Свети преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверикиј или Пречистанските преподобномаченици биле македонски православни монаси во манастирот Света Богородица Пречиста во Кичевско. Маченички пострадале во 1558 година кога овај манастир бил нападнат од турски аскер. Тие претставууваат првите прогласени од новата возобновена МПЦ. За светци беа прогласени на 2 август 2012 година во манастирот каде што ги изгубија животите. Нивниот спомен се чествува на  27 март денот кога биле убиени и на  денот кога се прогласени за светци.

ГАЛЕРИЈА:

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *