Почетна Репортажа Фото Величенствен пречек на Епископот Антаниски Партениј во Бигорскиот манастир
paretenij pre 10
paretenij pre 11
paretenij pre 12
paretenij pre
paretenij pre 2
paretenij pre 3
paretenij pre 4
paretenij pre 5
paretenij pre 6
paretenij pre 7
paretenij pre 8
paretenij pre 9
paretenij pre 13
paretenij pre 14
paretenij pre 15

Величенствен пречек на Епископот Антаниски Партениј во Бигорскиот манастир

860
1

Монасите, монахињите, искушениците, штитениците од Бигорската обител и најблиските пријатели, организираа величенствен дочек на својот Старец, игуменот, а сега епископ антаниски Партениј во Бигорскиот манастир, откако Синодот на МПЦ-ОА, во ќетвртокот го избра за виканерн епископ на Дебарско-кичевската епархија.

Возљубен наш Старецу,

Драги во Христа наши браќа и сестри,

Дозволете ми, од името на братството и сестринството да ја изразам нашата сеопшта радост, од евангелските зборови, од зборовите на благата вест за предлогот да бидете удостоен со возвишениот епископски чин, за коj сметам дека е соодветствува на Вашиот духовен раст.

Во овој миг, во моето сеќавање ми доаѓа моментот кога Вие мудро и просветлено благословивте на балдахинот пред манстирската капија, со позлатени букви да бидат врежани зборовите: Благословен е оној кој доаѓа во името Господово. Впрочем, со овие зборови нашиот Спасител Христос бил пречекан во Ерусалим по воскресението Лазарово, на шест дни пред Пасха.

Молете се, отче свети, да не се покажеме и ние како неразумната толпа, која неколку дена после овој пречек, Го предаде Христа на распетие. Вие, пак, знаете дека без Голгота нема Воскресение; дека без крстното страдание нема воскресенска радост. И не само што знаете, туку Вие така и живеете – крстовоскресно, со радосна тага и таговна радост, со хармолипи.

Браќа и сестри, да се молиме сите едномислено на предвечниот Совет на Светата Троица, со Својата Божествена премудрост да го чува и просветлува нашиот Старец и да му дава благодатни сили, за да го понесе и издржи бремето на архијерејскиот крст и да го удостои со спокојството што Господ Исус Христос им го вети на оние што се впрегнуваат во Неговиот благ јарем и со трпение го носи Неговото лесно бреме (сп. Матеј 11,28-30).

Накрај, од името на сите нас, му се заблагодарувам на нашиот почитуван надлежен архијереј, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, а и на сите архијереи од Светиот Синод на МПЦ-ОА, што вдахновени од наитието на Светиот Дух, ја донесоа денешната одлука, отец Партениј да биде вброен во редот на Христовите првосвештеници.

На многаја и благаја лета, наш Владико!, напиша монасите.

Погледнете ја галеријата:

Коментар(1)

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *