Почетна Вести Христијанство Велешките фотографи нема да и плаќаат на Повардарската епархија екстра такси
Велешките фотографи нема да и плаќаат на Повардарската епархија екстра такси

Велешките фотографи нема да и плаќаат на Повардарската епархија екстра такси

223
0

Новата давачка со која свештениците од Повардарската епархија бараат дополнителни пари од сликарите и снимателите на венчавки, ја крена на нозе велешката јавност. За сопствениците на фото студијата давачката е небулозна. Од епархијата – молк. Дел од владиците на МПЦ преку фејсбук ја исмеваат давачката која ја бара Повардарската епархија.

По 500 денари за сликање и снимање на младенци во црква и 1000 денари за фотосесија во дворот на храмот. Толку пари свештениците од Повардарската епархија им бараат на велешките фотографи и сниматели на венчавки во црква. Оваа давачка е воведена пред неколку дена, откако неодамна се освети новиот храм во центарот на Велес, црквата „Ссвети Кирил и Методиј“. За сопствениците на фото студија давачката е небулозна и тие немаат намера да ја плаќаат.

„Ние за време на венчавките и кршетвките сме услужен сервис кој ртаботи по потребите на младенците и родителите. Црквата е народна и за тоа што поповите ја вршат службата имаат доволна награда од тарифите што ги наплаќаат“ – вели Данчо Стефков – фотограф.

Поради се почестите инциденти помеѓу свештениците и фотографите, двете страни неодамна седнале да разговараат за проблемот. Но, наместо решение, свештениците се заканиле дека ако фотографите не ја прифатат давачката, епархијата ќе распишела тендер за фотографирање и снимање свадби.

„Прашувам како тоа црквата која е невладина организација може да распише тендер кога немаат фискализација и оваа давачка што ни ја бараат, добиваме блок кој е нелегален. Како ќе си повратиме парите на крајот на годината?“ – вели Стефков.

Тие ја повикаа црквата да го повлече ова барање. Во спротивно најавија бојкот на снимањето венчавки и крштевки во црквите. Раскажуваат дека веќе 20 години плаќаат донација од 100 денари од секоја венчавка, и тоа по нивна иницијатива, иако за својата работа користат сопствена струја и осветлување. Повардарската епархија и нејзиниот владика Агатангел се без коментар. Сепак, извори блиски до црквата коментираат дека оваа давачка не е насочена кон младенците, туку кон оние кои ги фотографираат и снимаат венчавките. Давачката била само за венчавки, а не и за крштевки. Парите служеле за одржување на градината во дворот на црквата, каде што се правеле фото сесиите и оделе во посебен фонд. Дека свештениците почнале да наплаќаат за фотографирање на црквите реагираа и граѓани на фејсбук.

„За одлуката на повардарската епархија со свој коментар на фејсбук се јави и владиката Пимен. На селфи – фотографија пред црква во малме иронично напишал „Пред воведувањето на сликарината. Дур е бесплатно“.

/24вести

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *