
Програмата почна со вечерна богослужба на која чиноначалствуваше митрополитот Агатангел со свештеници и ѓакони од Епархијата Повардарска, со ода и поклонување пред иконата на светителот од страна на голем број граѓани, православни христијани, по што се обрати повардарскиот митрополитот Агатангел кој говореше за значењето на овој светител и за улогата на МПЦ.
Обраќање имаше и претставникот на Општина Велес Петре Саздов.
Во уметничката програма настапи Младинскиот црковен хор „Св.Кирил и Методиј“, а потоа и солистката Ана Михајлова. Се одржа и музички перформанс на квартет велешки музичари: вокал Валентин Миланов,гитара Петар Марков,перкусии Трајче Ристов и кавал Филип Арилон.
Програмата беше заокружена со драмскиот перформанс „Приказни за изворот“ на Драмското Студио „Словото“под раководство на Весна Димитрова Бобевска.
Чествувањето продолжува и во текот на денешниот ден во соборниот храм „Св Пантелејмон“ во Велес, а по пречекот на архиереите, најавена е Архиерејска Божествена Литургија на која ќе чиноначалствува неговото Блажество г.г. Стефан во сослужение со митрополитот Повардарски Агатангел.