Вечниот Бог се пее и на романски во Романската црква

Date:

Share post:

Најпознатата божикна песна (каланда) Вечниот Бог, со која најмладите ширум сите градови и населени места во Македонија радосно го најавуваат празникот Божик, отпеана е и на романски јазик, но и на многу други јазици каде што живеат православните христијански народи.

Имено, “Вечниот Бог” е универзална каланда, која првично е напишана на јазикот на којшто се напишани и Евангелијата и е стара можеби колку што е старо и Православието.

Таа е најпознатата и најшироко прифатена божикна каланда, која има различни мелодиски верзии, и за возрасни и за млади.

Во Македонија, уште од пред неколку години се возобновени повеќе верзии на каландата Вечниот Бог, а Здружението Бадникови поворки ја одбра најпевливата и наједноставна мелодиска верзија на оваа широко распространета во православниот свет каланда, бидејќи токму таа најлесно можат да ја совладаат и отпеат децата.

Еве како се пее и на романски.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img