Синодот на МПЦ-ОА, вечерва во црквата на Свети Климент на Плаошник во Охрид ќе го изврши Наречението на Архимандритот Георгиј митрополит Дебарско-кичевски. Чинот ќе биде во 17.00 часот.
Следниот ден во црквата Света Софија во Охрид, со почеток од 8.30 ќе биде отслужена Литургија, на која ќе биде Хиротонијата и Устоличувањето на Георгиј за Митрополит.
-Овие благословени собитија се од непроценлива важност за сета полнота на нашата Света Македонска Црква. Затоа, да се обединиме во молитва, за еднодушно да Го прославиме Христа – нашиот Господ и Спасител!, велат од МПЦ-ОА.

