Почетна Вера Вечерна богослужба со Архимандритот Нектариј и Митрополитот Тимотеј

Вечерна богослужба со Архимандритот Нектариј и Митрополитот Тимотеј

260
0

Традиционално и на овој ден Прочка, 13 март 2016 година, во црквата „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“ во Охрид, беше отслужена вечерна богослужба на која чиноначалствуваше Митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, како и свештеници од оваа Епархија.

Вечерната богослужба е и молитва за претстојниот Велигденскиот пост. Како што предвидува денешниот празник, верниците и свештениците, сите еден од друг побараале прошка за направените гревови и престапи.

-Очистени од секаков грев и горчина, да влеземе во овие денови на пост и покајание, а Семилостивиот Бог да нè удостои да го дочекаме и светото Христово Воскресение, е пораката што свештениците ја испраќаа од денешниот празник.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *