Почетна Вести ВЕЧЕР: АД Бутел копа гробови среде улица!
ВЕЧЕР: АД Бутел копа гробови среде улица!

ВЕЧЕР: АД Бутел копа гробови среде улица!

287
0

Погребалното претпријатија АД Бутел почна да поставува нови гробни места на улицата која поминува веднаш до гробишта во населбата Камник кои тие ги стопанисуваат, пишува дневниот весник „Вечер’

Репортерската екипа на весникот ги затекнала  и работниците на АД Бутел, кои додека биле таму, ги шалувале новите гробови кои се веќе излезени на улицата, а претходно компанијата поставила и заштитна ограда која практично зазема цела една лента од патот.

­vecer-1-Ние немаме врска со ова. Што ќе ни речат, тоа правиме ­ни одговорија вработените во АД Бутел на прашањето зошто се копаат гробови кои се наоѓаат на улица.

Патот, кој е единствена делница што води до вечното почивалиште на илјадници мртви е сведен на минимум и по него едвај поминува една мала кола, а тука била предвидена поголема делница со две ленти, која веќе еднаш е намалена поради постојните гробови.

Дополнително, движењето по патот уште повеќе го отежнуваат автобусите на Општина Гази Баба, кои секојдневно едвај сообраќаат до гробиштата. Бизарната ситуација до “Вечер“ ја пријавија загрижени граѓани чии роднини почиваат на гробиштата Камник. За нив е неприфатливо тоа што новите гробови се збиени до почивалиштата на нивните најблиски.

-Кога ни ги продадоа гробното место не убедуваа дека е последно и гробиштата нема да се шират на патот. Тоа беше и причината зошто го откупивме токму тоа место. Сега, на помалку од 20 сантиметри од гробното место има ново кое е целосно збиено ­, се жали еден од оштетените граѓани.

Дополнително, семејствата побарале самите да ги откупат новите гробни места кои се наоѓаат на патот, за да постават клупи до гробовите на нивните роднини, но од АД Бутел не им дозволуваат ниту да ги откупат.

-­Гробното место на татко ми исто така не беше предвидено. Патот еднаш веќе беше намален, а сега уште повеќе се збива. Срамота е и тоа што новите гробни места се залепени до оградата која го сече патот на пола, како ќе се поклонат роднините на оние кои ќе бидат закопани таму? ­ прашува загрижениот граѓанин.

Катастрофалната ситуација на гробиштата Камник ја дополнува и дивата депонија што се наоѓа веднаш наспроти гробиштата и од која се шири огромна реа која погребните обреди ги прави неподносливи.

За сите скандали кои го евидентиравме, “Вечер„ испрати прашања до АД Бутел, Град Скопје и Општина Гази Баба. Со одговор не удостоија само од Град Скопје, од каде што велат дека не се информирани зошто гробиштата излегле на улица.

­Градот Скопје работи на проширување на капацитетот на гробиштата во населеното место Камник. Во моментов се чека промена на деталниот урбанистички план од страна на Општина Гази Баба, со цел да се овозможи откуп на дополнително земјиште и проширување на гробиштата. Сите гробни места се наоѓаат во рамките на парцелата на гробиштата и службите не се информирани дека “гробиштата излегуваат на самата улица“.

За дивата депонија, од Град Скопје одговорноста ја префрлаат кон Општина Гази Баба, која требало да прати инспекциски служби на депонијата затоа што таа се наоѓала на приватно земјиште.

/ВЕЧЕР

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *