Почетна Коментар Важна порака на Отец Пимен пред Велигден
Важна порака на Отец Пимен пред Велигден

Важна порака на Отец Пимен пред Велигден

3.46K
0

Митрополитот Европски, г. Пимен повика меѓусебно помирување пред Велигден, како суштински начин да се одбележи најголемиот христијански празник Воскресението христово.

– И да си пружиме рака и “предавници” и “патриоти” и “трвдокорни” и “шарени” и “вмро-овчишта” и “комуњари” и да заборавиме барем во овие денови кога си спомнуваме за страдањата Христови на овие меѓусебни квалификации. Затоа што Христос ги рашири рацете на крстот за сите да не прегрне, затоа што колку и да се делиме, сепак сите сме негови, напиша Отец Пимен на својот фејсбук профил.

Во продолжение целата негова порака

„Да не го сведеме Великиот Четврток на молерај на јајца. Не е најголем христијанин оној што ќе исфарба најголем број на јајца, или пак најубаво ќе ги украси, туку оној што во најголемо покајание ќе слезе со Христа до адот за да воскресне со него во Рајот.

И да си пружиме рака и “предавници” и “патриоти” и “трвдокорни” и “шарени” и “вмро-овчишта” и “комуњари” и да заборавиме барем во овие денови кога си спомнуваме за страдањата Христови на овие меѓусебни квалификации. Затоа што Христос ги рашири рацете на крстот за сите да не прегрне, затоа што колку и да се делиме, сепак сите сме негови.

А и другите ќе не познаат дека сме негови само ако се љубиме меѓусебно. За многу години драги ем мили мои!“, напиша о. Пимен.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *