Почетна Вести Ватиканскиот кардинал ќе има апсолутен приоритет на движење во сообраќајот во Скопје
Ватиканскиот кардинал ќе има апсолутен приоритет на движење во сообраќајот во Скопје

Ватиканскиот кардинал ќе има апсолутен приоритет на движење во сообраќајот во Скопје

207
0

Движењето на ватиканскиот кардинал, Петро Паролин, кој практично е втор човек во „Ватиканскиот дворец“ по папата Франциск ќе биде по строго утврдени протокол на приоритет, соопштува македонската сообраќајна полиција. Паролин, кој ја има улогата на Премиер на Ватикан, утрово дојде во кабинетот на Премиерот Емил Димитриев, движејќи се со полициска придружба.

Приоритет на движење подразбира дека автомобилската колона со која се движи претставникот на Ватикан не смее да застане во текот на движењето низ улиците на градот.

МВР соопштува дека во текот на целиот денешен ден во Скопје ќе биде воспоставен посебен режим на сообраќај што подразбира апсолутен приоритет на минување низ сите сообраќајници на колоната возила со кои се движи државниот секретар на Ватикан.

Од сообраќајната полиција апелираат до сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ќе бидат давани од страна полициските службеници и да бидат внимателни и трпеливи, а веднаш по поминување на колоната под придружба од нивна страна ќе бидат превземени мерки за целосно нормализирање на сообраќајот.

Кардиналот Паролин по средбата во Владата која беше закажана за 10 часот, заминува на средба со Претстедателот на државата, Ѓогре Иванов во резиденцијата на Водно. Средбата е предвидена во 11 часот. Во тој период се очекува застој на сообраќајот на релација од Владата со Водно.

Во 13 часот ватиканскиот кардинал ќе присуствува на осветување на новата бискупска резиденција во Скопје. Таа се наоѓа во наслебата Водно.

Попладнево пак е закажана миса во Католичката црква „Пресвето срце исусово“ на која ќе присуствува вториот човек на Ватикан. Во тој дел на градот во тој период ќе има посебен сообраќаен режим.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *