Почетна Вести Европа Ватикан за прв пат ќе учествува на Олимписките игри
Ватикан за прв пат ќе учествува на Олимписките игри

Ватикан за прв пат ќе учествува на Олимписките игри

37
0

За прв пат во историјата, Меѓународниот олимписки комитет официјално покани делегација на Светиот Престол, Ватикан да учествува на церемонијата на отворањето на Зимските олимписки игри, што ќе се одржи на 9 февруари, 2018 година во Пјонгчанг, Јужна Кореја.

Иако делегација на Ватикан ќе биде дел од настанот, сепак тие нам да имаат свои спортисти кои ќе се натпреваруваат.

-Отворањето на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг, на неколку километри од границата која ги одвојува двете Кореи, една од најмилитаризираните граници на светот, има своја уникатно и симболично значење, истакна свештеникот од Ватикан.

Односите на соработка меѓу МОК и Ватикан, иако без можност за директно вклучување на спортисти од Ватикан во олимписките игри, се развиени преку различни проекти, како што се Олимписките игри за млади, закажани за октомври оваа година во Буенос Аирес.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *