Почетна Вести Ватикан прогласи 38 маченици за светци од комунистичка Албанија
Ватикан прогласи 38 маченици за светци од комунистичка Албанија

Ватикан прогласи 38 маченици за светци од комунистичка Албанија

161
0

davutogluКатоличката црква официјално го прогласи за маченик поранешниот епископ на Драч, Винченц Пренуши и уште 37 верници од времето на комунистичкиот режим во Албанија, соопшти Ватикан.

Указот денеска го потпиша папата Франциск со кој се дозволува 38 лица, кои починале во периодот од 1945 до 1974 година, да бидат прогласени за маченици.

За маченици прогласени се епископот Фран Гини, епархиски свештеници, францикански монаси и езуити, еден семинарист, тројца мирјани и други.

Кон крајот на Втората светска војна во Албанија е воспоставен комунистички режим, а во 1967 година претседателот Енвер Хоџа ја прогласи Албанија за прва атеистичка држава во светот.

Епископот Пренуши го одбил Хоџа да создаде албанска црква одделена од Рим. Тој бил мачен и умира во затвор 1949 година. Вкупно седум епископи, 111 свештеници, 10 семинаристи и осум монахињи умираат во затвор или се егзекутирани во периодот од 1945 до 1985 година.

Во истиот период 1.820 католички, православни и муслимански места за богослужба во Албанија биле уништени.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *