Почетна Вести Свет Ватикан: Папата Франциск внимателно ја следи состојбата во Венецуела
Ватикан: Папата Франциск внимателно ја следи состојбата во Венецуела

Ватикан: Папата Франциск внимателно ја следи состојбата во Венецуела

79
0

Папата Франциск внимателно ја следи состојбата во Венецуела и Ватикан ќе ги поддржи сите напори кои ќе стават крај на страдањата на народот во таа земја, соопшти денеска Ватикан.

– Папата се моли за жртвите и за целиот народ на Венецуела. Светата столица ги поддржува сите напори кои ќе стават крај на страдањата на населението – се наведува во соопштението.

Ватикан не се изјасни „на чија страна е“, односно дали го поддржува претседателот Николас Мадуро или самопрогласениот привремен претседател Хуан Гуаидо.

САД, Канада и други држави во Латинска Америка го признаа Гуаидо за претседател.

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *