Почетна Вести Ватикан останува жесток противник на легализацијата на дрогите
Ватикан останува жесток противник на легализацијата на дрогите

Ватикан останува жесток противник на легализацијата на дрогите

61
0

auza bernarditoБорбата против зависноста од дроги не треба да биде со легализација на употребата на наркотици. Семејството е она кои игра суштинска улога во справувањето со зависноста. Ватикан и понатаму останува остар критичар на идеите за либерализација на дрогите.

Ватиканскиот амбасадор во Обединетите нации, Бернардино Ауза го потврдил ајсниот став на Ватикан против легализацијата на посебната сесија на Генералното собрание во Њујорк кое и има за цел утврдување на главните насоки и приоритетите на светската политика во наредните децении за проблемот со дрогата.

Монсињор Ауза потенцирал дека светот треба да се бори против процесот на ширење на легализација, став кој го поддржува и Папата Франциск.

-Светиот Престол и понатаму ќе продолжи да ја нагласува важноста на семејството во стратегиите за превенција, третман, рехабилитација и инклузија. Но и здравите семејствата за жал можат да станат жртви на злоупотреба на дрога, затоа и тие имаат потреба од поддршка и грижа, вклучувајќи ефикасна и прифатлива здравствена и социјална помош, изјавил амбасадорот на Ватикан во ООН.

Во таа смисла Ауза предупредува дека не треба да се поистоветуваат корисниците, шверцерите и дилерите на дрога.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *