Папската Курија објавила дека титулата на Пресвета Богородица – „Соискупителка“ (лат. Co-Redemptrix) ја смета за „неумесна“ и богословски „безполезна“. Информацијата е објавена на православниот портал Православие.бг.
Во текстот се наведува дека Ватикан ја разгледува можноста оваа титула, која во поранешни периоди ја користеле делови од Католичката црква, да не биде повеќе употребувана или пак да биде поставена под строга теолошка контрола. Покрај тоа, се укажува дека употребата на таа титула може да создаде забуни и погрешни впечатоци за улогата на Мајката Божја во делото на спасението.
Овој чекор може да биде значаен за односите меѓу Католичката и Православната црква, бидејќи титулата „Соизсупителка“ беше спорна во заедничките дијалози. Православната црква традиционално не ја употребува таквата титула поради богословски причини, сметувајќи ја за непотребно проширување на Христовото дело на искупението.

