Почетна Вести Европа Ватикан испрати стотици илјади маски како помош на Кина
Ватикан испрати стотици илјади маски како помош на Кина

Ватикан испрати стотици илјади маски како помош на Кина

55
0

Ватикан испрати стотици илјади медицински маски во Кина за да помогне во борбата со епидемијата на коронавирусот, пренесува „Ројтерс“.

Како што е објавено на официјалната веб-страница на Ватикан, маските биле спакувани по 10 во вреќички и со ознака на папата Франциск и биле испратени во кинеските провинции Хубеи, Ѓенѓијанг и Фуџијан.

Папата Франциск претходно ја поздрави големата посветеност на Кина во борбата против коронавирусот и рече дека се моли за умрените, болните и нивните семејства.

„Ројтерс“ пишува дека повеќедецениските студени односи меѓу Ватикан и Пекинг се подобриле од септември 2018 година и потпишувањето на договорот за начинот на избор на католички епископи во Кина.

Кина објави дека има потреба од медицински маски, заштитни костими и очила.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *