Почетна Вести Ватикан и Цариград одбележаа 50 години од возобновувањето на комуникацијата
Ватикан и Цариград одбележаа 50 години од возобновувањето на комуникацијата

Ватикан и Цариград одбележаа 50 години од возобновувањето на комуникацијата

196
0

Ватикан и Вселенската патријаршија годинава одбележуваат пет децении од првата историска средба меѓу двете цркви.

Папата Франциск денеска во Ватикан прими делегација на Константинополската Патријаршија во рамки на традиционалната аудиенција што секоја година се прави за празникот на Светите Петар и Павле на 29 јуни.

Историската возвратна посета се случи во 1967 година, кога тогашниот Папа Павле VI во јуни го посети Фанар, во Истанбул, а во октомври истата година во посетата на Ватикан допатува Патрирахот Атенагора.

-Примерот на овие храбри и далекувидни пастири, поттикнати единствено од љубовта кон Христа и неговата Црква, ни помага да продолжиме по нашиот пат кон потполно единство, изјавил денеска Папата Франциск.

Во својот говор Папата зборувал и за својот „возљубен брат Вартоломеј” и потсетил на нивната неодамнешна средба во Каиро.

-Легитимнните различности треба да коегзистираат. Во нас ја зајакнува желба за обновување на потполно заедништво меѓу католиците и православните, што веќе го предвкусваме во братската средба, во заемната молитва и општото служење за Евангелието. Искуството од првиот милениум, во кое христијаните од Истокот и Западот, учествуваа на истата евхаристиска трпеза, од една страна зачувувајќи ги заедно истите вистини на верата и од друга поттикнувајќи ги различните богословски, духовни и канонските традиции, компатибилни со учењето на Апостолите и Вселенските собори, е потребната основа и извор на надахнувањето во барањето за обнова на потполно единство во сегашните услови, единство што не е унифицирање, изјавил Франциск, потенцирајќи ја желбата престојниот состанок на Координативниот комитет на Мешаната меѓународна комисија за богословски дијалог меѓу Католичката и Православната Црква, кој ќе се одржи во септември во Лерос, Грција, да биде богат со добри резултати за иднината на богословскиот дијалог.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *