Почетна Вести Европа Ватикан го промени текстот на молитвата „Оче Наш“
Ватикан го промени текстот на молитвата „Оче Наш“

Ватикан го промени текстот на молитвата „Оче Наш“

885
5

Италијанската бискупска конференција објави дека се менува текстот на молитвата Оче наш и наместо делот од молитвата “не воведувај не во искушение“, во новата верзија на молитвата ќе се изговарат зборовите „ не допуштај не во искушение“.

Ова практично е реализација на промената која Папата Франциск ја најави одамна.

Како што пишува „Ватикан Инсајдер„, новата верзија на молитвата веќе неколку години е присутна во една од верзиите на Библијата, но италијанските бискупи ја одобриле и за служње на мисата.

Папата Франциск пред една година изрази желба Католичката црква да направи подобар превод на реченицата „не воведувај не во искушение“ од најпознатата христијанска молитва.

-Тоа не е добар превод, изјави тогаш Папата.

Тој тогаш објаснуваше дека Бог не е тој кој луѓето ги доведува во искушение. Посочувајќи го фактот дека Католичката црква во Франција ја променила фразата во молитвата и дека таа сега гласи„ не дозволувај да паднеме во искушение“, потенцираше дека нешто слично треба да се примиени секаде.

Сегашната верзија на молитвата „Оче наш“ е превод од Библијата од 4 век, која на италијански е преведена од старогрчки, а таа пак од арамејски јазик на кој наводно збпрувал Христос.

/Н1

Коментар(5)

  1. Римокатолички јеретици су још пре хиљаду година променили и “Симбол вере ” додајући реч filioque. Тако да се од њих можемо надати нечему оваком .

  2. Г. Слободане, и покрај тоа што Бог, само српски разбира, јас ке ти напишам на македонски. Во врска со промената на зборот и не нè воведи во искушение, од страна на папата, прочитав повеке толкувања од светители, како и од световни луѓе, кои не биле во свештенички чин, но одлични и признати толкователи на Светото Писмо, толкуваат дека зборот не нè воведи значи не допуштај, не дозволувај да паднеме во искушение заради нашта слабост-немоќ. Би ти го препорачал порталот https://ekzeget.ru/, каде се дадени толкувањата на Светото Писмо од многу светители меѓу кои е и св. Николај Велимировиќ. Ова не значи дека Римокатоличката Црква не е еретичка, како што вели св. Марко Ефески се додека римската црква не се откажи од нејзините еретички учења и не се врати на православните корени нема да има помирување, но можеме и должни сме да разговараме со нив за да им укажеме на заблудите, исто како што нашиот Спасител разговарал со Самарјанката, а лечел и болни, кои не припаѓале на еврејскиот народ. Наше е да им укажиме на грешките на сите што отстапиле од Православната вера, а дали тие ке останат во нивното погрешно учење или не, тоа е нивно право, но ние ке се молиме Господ Бог да ги просвети.

  3. Жал ми е што ти пишувам на српски. Јас добро го разбирам македонскиот јазик, па мислев дека Македонците сфаќаат српски јазик. Тој ќе се согласи со мнозинството од она што го рече, но тој треба да биде претпазлив со римокатолиците. “Латините се стари измамници”

  4. Потполно се согласувам, инаку за мене било кој јазик не претставува никаков проблем, поготово ако знам да го зборуваам, биејки секој јазик е прозорец кон светот и шанса за нови пријателства. А поговорката со латињаните е иста како и онаа Чувајте се од Данајците и кога поклон Ви даруваат. Само една работа не можам да ја прифатам, ние што сме православни народи место да се обединуваме стануваме едни против други – срби, грци и бугари против македонци, место да ја признаат МПЦ стануваат против неа, измислувајки етнофилетизам, а кога се работеше за нив тогаш не важеше етнофилетизмот. А еве што работи Мајката Црква – Цариградската се меша насекаде во православните земји сакајки да ги потчини под своја власт, за да ја врати Византиската империја, заборавајки дека со пари што му ги даваше на султанот ги укина сите автокефални црквил. Сетете се како е укината Пеќката патријар-шија, потоа Охридската, па и другите и да не набројувам повеке, а непријателите на православието се радуваат и прават се и сешто да го уништат но абораваат дека ни вратите на пеколот не можат да ја срушат Црквата, бидејки нејзина Глава е Господ Исус Христос.

  5. Јас сум првиот што го разреши црковниот спор. Мислам дека со малку добра волја може да се реши брзо. Проблемот е во политиката. Како и во случајот со Украина, овде има многу политики. Никој не може да има ништо против Охридската Архиепископија, бидејќи сите дознавме што е Православието преку Охрид.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *