Почетна Вести Ватикан го претстави Христос како бездомник
Ватикан го претстави Христос како бездомник

Ватикан го претстави Христос како бездомник

145
0

Бронзена статуа на Исус Христос во природна големина, претставен како бездомник, легнат на клупа и покриен со блага прекривката од која се гледаат само нозете со лузни од распнувањето, била поставена во Ватикан, пред влезот на службата за милостиња.

isus bezdomnik 2Хипер реалистичното дело е на канадскиот скулптор Тимоти П. Шмалц кој појаснува дека идејата за правење на статуата му дошла кога за Божиќ видел бездомник како спие на клупа.

-Кога ги гледаме овие отфрлени луѓе, ние треба да го гледаме Исус Христос “, вели авторот.

Првиот примерок од статуата бил поставен во 2013 година во Торонто, потоа други нејзини копии беа испратени во различни делови на светот, Австралија, Куба, Индија, Ирска, Шпанија и САД.

isus prosjakСлична ваква статуа на авторот  Шмалц , како Исус проси милостина, веќе се наоѓа во Рим, на главниот влез на болницата “Санто Спирито”.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *