Почетна Вести Ватикан го подготви саркофагот за следниот Папа
Ватикан го подготви саркофагот за следниот Папа

Ватикан го подготви саркофагот за следниот Папа

145
0

Ватикан го подготви саркофагот во кој ќе биде поставено телот на следниот Папа кој ќе замине од овој свет.

Новиот саркофаг од бел мермер со аголни колони веќе е поставен во криптата под базиликата „Св. Петар“. Во него ќе биде погребан следниот римски Папа, кој ќе почине.

Врз саркофагот засега нема никакви натписи и не се знае кој ќе биде погребан во него. Покрај Франциск, кој сега е поглавар на римокатоличката црква, се уште жив е и уште еден Папа, а тоа е Бенедикт XVI кој поднесе оставка на папскиот трон.

Раководителот на прес службата на Ватикан, Федерико Ломбарди изјавил дена нема ништо таинствено во подготовката на последното живеалиште на римскиот Папа. Според него неопходно е навремено да се подготват гробовите за идните покојни Понтифици, бидејќи во подрумите на катедралата има само уште еден слободен параклис, во кој може да се постават нови саркофази.

Инаку не сите римски папи се погребани во „Св. Петар“. Многумина од нив вечниот мир го имаат во други римски цркви, а некои и во други градови, дури и надвор од Италија. На пример во францускиот града Авињон.

Во моментов Католичката црква е во посебна ситуација, има двајца живи папт. Бенедикт XVI кој во февруари 2013 година доброволно го напушти папскиот престол, на 16 април ќе наполни 89 гдоини.

Сегашниот поглавар на римокатоличката црква, Папата Франциск ќе наполни 79 години.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *