Почетна Вести Ватикан барал забрана за концерт на „Ролинг Стоунс“
Ватикан барал забрана за концерт на „Ролинг Стоунс“

Ватикан барал забрана за концерт на „Ролинг Стоунс“

166
0

vaticannnОфицијален Ватикан се обидел да го блокира „историскиот“ концерт на „Ролинг Стоунс“ во Хавана, затоа што се одржувал на Велики Петок, објаснувајќи го тоа со „светоста на денот“, кој во христијанството важи за најтажен, поради распнувањето на Исус Христос, тврди лондонски „Дејли Мирор“.

Весникот се повикува на „инсајдер“ во екипата, која ги придружуваше „Стоунси“ на нивниот концерт во Хавана, што беше прв концерт на отворено на еден западен бенд во историјата на Куба.

Според овој извор од Ватикан било порачано, ако веќе се одржува концертот, тогаш нека започне после полноќ, но организаторите истакнале дека за настапот постои договор и дека тој мора да се исполни.

„Стоунси“ реагирале со своја порака до Светиот престол, објаснувајќи дека синоќа на Велики Петок насекаде во католичкиот и протестантскиот свет се одржани голем број концерти, па дека не гледаат зашто овој во Хавана треба да биде посебен и да се бара да се одложи.

Настапот на Мик Џегер, на Кит Ричард, на Рони Вуд и на Чарли Вотс веднаш е прогласен за „настан без преседан“, затоа што кубанските власти до пред петнаесетина години, забрануваа да се слуша западна поп и рок музика.

Многумина од присутните на концертот беа тајни приврзаници на „Стоунси“ и на нивната музика, кои во годините на нивната младост, ако воопшто и можеле некако да ги слушаат хитовите на британските и американските рокери, тоа морале да го прават скриено.

Странските медиуми пишуваат дека на концертот се собрале повеќе од 200 илјади луѓе од Хавана, Куба и од соседните земји во регионот на првиот концерт на оваа британска група, за кој влезот беше слободен, бидејќи „Стоунси“ настапија бесплатно.

Властите беа подготвени за присуство на половина милион луѓе.

Концертот на „Ролинг Стоунс“ доаѓа само неколку денови по „историската посета“ на Куба на американскиот претседател Барак Обама.

– Ова е фантастично, затоа што до скоро беше забрането. Ние на Куба не можевме да ги слушаме Битлси, Стоунси и другите, па дури и некои од најпоплуарните латиноамерикански пејачи и музичари. Сега е дозволено да слушаме што сакаме, им изјавил на странските новинари еден од присутните на концертот.

Друг Кубанец, кој рекол дека има 63 години изјавил оти по концертот може да умре.

– Ова за мене беше како последната желба пред умирање. Не верував дека кога било ќе бидам на рок концерт, па уште на „Стоунси“.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *