Почетна Вести Европа Ватикан бара нова доктрина за екскомуникација на мафијашите
Ватикан бара нова доктрина за екскомуникација на мафијашите

Ватикан бара нова доктрина за екскомуникација на мафијашите

31
0

Ватикан сака да развие нова доктрина која ќе им овозможи екскомуникација на католиците за поврзаност со мафијата и корупцијата.

Одлуката е донесена на првата ватиканска конференција посветена на борбата против корупцијата и организираниот криминал.

На конференцијата учествуваа 50 обвинители, владики, жртви, како и претставници на ОН, наведува АП.

Во соопштението објавено денес, Ватикан вели дека постои потреба да се развие нова правна доктрина за Римокатоличката црква што се однесува на „екскомуникација поради корупција и поврзаност со мафијата.“

Папата Франциск одамна е посветен на борбата против корупцијата, а напиша и кратка книга за тоа додека беше надбискуп.

За време на посетата на една мафијашка база во 2014 година, Франциск на присутните мафијаши им рече дека се изопштени, меѓутоа воведувањето на правна доктрина што се занимава со тоа е целосно нов чекор за Ватикан, наведува АП.

/MKD.MK

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *