Почетна Вести Регион Вартоломеј застана зад Амфилохије
Вартоломеј застана зад Амфилохије

Вартоломеј застана зад Амфилохије

731
0

Вселенскиот патријарх Вартоломеј испрати писмо до претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, во кое изразува загриженост во врска со намерата на световната власт да и ги одземе имотот на Црногорската митрополија на Српската патријаршија, како дел од мерките на новиот закон за верските слободи. Во писмото се вели:

“Неодамна Вселенската патријаршија дозна со загриженост дека сте изразиле поддршка за создавање на Православна црква во Црна Гора и дека владата во вашата земја го одобрила законот за верските слободи, кој предвидува национализирање на сите православни цркви создадени пред 1918 година, и на нивниот црковен имот “, се вели во писмото.

“Ова значи дека вашата земја ќе ги отуѓи црквите и имотот што и припаѓа на митрополијата на Црна Гора и на другите три епархии на Православната Црква на Србија”.

Патријархот Вартоломеј вели дека Вселенската патријаршија, како и сите други цркви, за канонски го признаваат митрополитот во државата Црногорскиот Митрополит. Амфилохије (Радовиќ).

“Ве известуваме на јасен начин, дека Вселенската патријаршија заедно со сите останати православни цркви го признава Високопреосвештениот митрополит на Црна Гора Амфилохије, архиереј на Црквата во Србија, како единствен кој ја поседува канонската православна јурисдикција во Црна Гора”, нагласува патријархот.

„Црквата на Црна Гора никогаш не била автокефална, а денешната која себеси се нарекува” Православна црква на Црна Гора “предводена од МираШ ДедеиЌ, не е дел од Православната црква.  Дедеич не е епископ на Православната Црква, туку човек кој е одвоен од Вселенската патријаршија. Единствениот канонски архиереј е нашиот брат, митрополит Амфилохије, кој припаѓа на Патријаршијата на Србија, која е призната на сеправославено ниво “, додава Патрајархот  Вартоломеј.

/двери.бг

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *