Почетна Вести Вартоломеј запали свеќа, се помоли и замина за Шамбези
Вартоломеј запали свеќа, се помоли и замина за Шамбези

Вартоломеј запали свеќа, се помоли и замина за Шамбези

525
0

Православната црква утре ќе се обиде да го направи историскиот исчекор кон демонстрирање единство од кое ќе зависи дали годинава ќе се случи долгонајавуваниот севселенски собор на Православната црква, кој треба да се слуќи по повеќе од 1200 години.

Vselenska Patrijarsija 1Од вчера во Женева, во седиштето на Вселенската патријаршија во Шамбези е Константиноиполскиот патријарх, Вартоломеј, на чија иницијатива изминативе 25 години се работеше на подготовки за одржување на соборот. Вартломеј пред заминување од Фанар – Истанбул, во Патријаршиската црква, Свети Георги, запалил свеќа и се помолил за успех на средбата меѓу поглаварите на православните цркви. Состанокот на ниво на поглавари, официјално, почнува утре и ќе трае до 28 јануари.

Денеска потврда дека ќе патува за Ѓенева даде и Московскиот патријарх, Кирил. Со него патува и митрополитот Киевски и на цела Украина, Онуфриј, како и шефор на црковната дипломатија на Москва, Иларион Алфеев. На овој начин, Руската црква, која условно го кочеше процесот на преговори активно се вклучува во работата на подготвителната комисија, што според верските аналитичари значи дека „надеж има“, но кој ќе биде крајниот исход, засега никој не сака да прогнозира.

Во Шамбези патува и Бугарскиот Патријарх Неофит. Иако, минатата недела му постави услов на Вартоломеј дека ќе допатува само ако допатуваат сите поглавари на помесните православни цркви, Неофит во последен момент се попишманил и одлучил да замине на состанокот. Кој и дали влијаел Неофит да ја промени одлуката, нема официјална потврда. Неофицијалн пак, улога во промената на ставот имала Руската православна црква. БПЦ, и СПЦ неформално се дел од блокот што го контролира Рускиот патријарх.

Дел верски аналитичарин сметаат дека самиот факт што Рускиот патријарх, во последен момент потврди дека ќе учествува на конференцијата и дека со себе го носи Митрополитит од Украина, како и доаѓањето на Неофит во Шамбези, заедно со присуството на СПЦ, повеќе значи дека тој ќе се обиде како крајни заклучоци за одржување на соборот да и наметне позициите на Руската поравославан црква и на таков начин да издејствува „превласт“ или контрола во Православниот свет.

Во Шамбези лично нема да присуствуваат тројца поглавари, иако нивните цркви ќе бидат застапени со свои претставници. Поради здравствени причини во Женева нема да бидат, Антиохискиот патријарх и Митрополитот на Послка. А од лични причини нема да присуствува Атинскиот архиепископо.

 

 

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *