Почетна Вести ВАРТОЛОМЕЈ: Вселенската Патријаршија е мајка црква на украинскиот народ
ВАРТОЛОМЕЈ: Вселенската Патријаршија е мајка црква на украинскиот народ

ВАРТОЛОМЕЈ: Вселенската Патријаршија е мајка црква на украинскиот народ

269
0

Вселенскиот патријарх Вартоломеј испрати послание до Украинците, во кое освен што повикува на единство на украинскиот народ, Вартоломеј пишува дека Константинопослаката патријаршија е мајка црква на Украина и дека Цариград никогш нема да се откаже од таа позиција.

-Во годините на нашето патријаршиско служење постоеше постојан контакт меѓу Вселенската патриашија и украинсикиот народ и тоа не е изненадувачки, бидејќи духовните врски кои ја обединуваат мајката црква со Украина, никогаш не можат да исчезнат. Украинскиот народ го доби крштевањето во православната вера од Константинопол во времето на светиот и велик кнез Владимир Киевски и затоа Црквата во Константинопол останува вечно Црква на украинскиот народ. Како љубовна мајка, црквата-мајка никогаш не може да ги заборави своите духовни чеда, особено во моменти на искушение и тешкотии, пишува Вартоломеј во посланието до Украина и до Украинците.

Во него тој посочува дека Цариградската патријаршија секогаш ќе биде блиску до Украинците, особено во време на искушение.

-Ние сме со вас со нашите молитви и благослов. Ви го испраќаме целиот наш благослов, љубов и целата наша загриженост за секој еден Украинец, без исклучок. Ние се молиме за единството на украинскиот народ. Се молиме за мир во Украина. Нашата надеж е дека братоубиствена војна ќе запре. Историјата на Украина треба да ја учи украинскиот народ, за да не се повторат грешките од минатото, вели Вселенскиот патријарх Вартоломеј во писмото.

Тој се потсетува и на моментите кога го посетил Киев во 2008 година, и кога бил топло примен меѓу Украинците.

Поделбата во православието во Украина е најзиразена. Под влијание на Руската православна црква, во украина функционира Украинска православна црква –московски Патријархат, која има автономен статус во рамки на Руската православна црква. Од друга страна Киеваската Патријаршија, како автокефална црква во Укарина, долги години бара признавање на својот статус од Вселенската пратријаршија.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *