Почетна Вести Европа Вартоломеј: „Ве повикувам да ја признаете Православната Црква во Украина како автокефална“
Вартоломеј: „Ве повикувам да ја признаете Православната Црква во Украина како автокефална“

Вартоломеј: „Ве повикувам да ја признаете Православната Црква во Украина како автокефална“

167
0

„Завршувањето на сите работи се очекува на 6 јануари, Богојавление, кога би сакале да го предадеме Томосот за автокефалија и ќе сослужуваме со претстојателот на Православната Автокефална Црква,“ вели Вселенскиот Патријарх г.г. Вартоломеј, во посланието кое стигна до Патријарсите и Архиепископите на автокефалните Православни Цркви на почетокот на годинава.

Истовремено, додека во Фанар пристигнуваат претставниците од Украина, архиереите на Православните Цркви се информираат за подробностите на посланието, како би започнале по ред да ја признаваат новата Црква.

„Ве известуваме,“ забележува Вселенскиот Патријарх, „изразувајќи ја братската доверба кон Вашето Блаженство, дека знаејќи ја многу добро волјата и изразената желба на Украина и одговорноста што ја има Константинополската Црква за решавање на сите црковни прашања, ќе се согласите со овие дејствија и ќе ја признаете Православната Украинска Црква како автокефална, спомнувајќи го името на Митрополитот Киевски и на цела Украина во Чесните Диптиси, веднаш после името на Блажениот Архиепископ Чешки и Словачки“.

Патријархот г.г. Вартоломеј, анализирајќи ги настаните што зедоа место последниве месеци, но и работите што се остварија, ги кани Претстојателите да ја признаат Црквата и особено нагласува:

„Доколку ги занемариме нашите браќа во Украина, кои минуваат мигови на агонија, нема да имаме никакво оправдание на денот на Судот, пред страшниот, единствен и праведен Суд на Судијата на душите и срцата на луѓето и Спасител наш Исус Христос“.

/Бигорски

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *