Почетна Вести ВАРТОЛОМЕЈ: Се молам за Македонија
vaRTOLOMEJ ISTANBUL 5

ВАРТОЛОМЕЈ: Се молам за Македонија

1.64K
0

Вселенскиот Патријарх Вартоломеј беше еден учесници на денешниот светски хуманитарен самит во Истанбул кој предизвика најголемо внимание.

vaRTOLOMEJ ISTANBUL 5Неговото учество на дебатата на светските лидери посветена на хуманитарниот аспект на бегалските кризи беше пропратено со големо воодушевување, но и со серија билатерални, но и неформални разговори на маргините на самитот.

Според информациите од новинарските кругови кои го следат Самитот во Истанбул, Патријархот Вартоломеј бил постојано запиран од дел од учесниците за неформални разговори.

Еден таков неформален разговор Вартоломеј имал и со дел од македонските новинари. Во тој разговор Вселенскиот патријарх посочил дека негов голем пријател бил Претседателот Ѓорге Иванов, кој исто така учествува на Самитот во Истанбул. Истовремено Вартоломеј, како што велат изворите на „Религија.мк“, посочил и дека е запознаен со состојбите во Македонија и со политичката криза, ветувајќи дека ќе се моли за Македонија.

Инаку светските лидери денеска од Истанбул повикаа за подобра распределба на товарот од глобалната хуманитарна криза и мобилизирање на повеќе средства за згрижување на раселените лица.

Генералниот секретар на Обединети нации Бан Ки-мун ги повика владите, бизнис заедниците и хуманитарните организации да се обврзат  дека ќе се потрудат да го преполоват бројот на раселени лица до 2030 година.

Реџеп Таип Ердоган, претседателот на Турција, земја која прими три милиони сириски бегалци го обвини Западот дека малку прави за да им помогне на Сиријците.

Германската канцеларка Ангела Меркел, пак посочи дека мора да се подобрат начините за испорака на хуманитарната помош.

На дводневниот самит учествуваат претставници на 150 држави, меѓу кои 57 премиери, лидери на меѓународни агенции и невладини организации, како и познати личности како актерите Шон Пен и Данијел Крејг.

/РЕЛИГИЈА.МК

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *