Почетна Вести ВАРТОЛОМЕЈ: Се молам Соборот да биде за обединување на Православието
ВАРТОЛОМЕЈ: Се молам Соборот да биде за обединување на Православието

ВАРТОЛОМЕЈ: Се молам Соборот да биде за обединување на Православието

165
0

Послание за единство на Православните Цркви упати вчера од Ханија Вселенскиот патријарх Вартоломеј во обраќањето пред присутните на официјална вечера со поглаварите на Православните Цркви, организирана од министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас.

Priem kodzijas 2Од тука натаму нашиот претстоен Свет и Голем собор има големо значење, бидејќи придонесува за можноста гласот на Православието да се изрази во порака на силна вера, жртва, надеж и мирен соживот во овој поделен свет, изјавил Вартоломеј, потенцирајчи го проблемот со кој се соочуваат многу Православни Цркви.

-Веруваме и се молиме претстојниот Свет и Голем собор да придонесе за обединување и испраќање низ целиот свет на пораката на Православието, што не е ниту политичка организација, ниту философска идеологија, туку е обелоденување на спасувачката вистина за земниот и вечниот живот, изјавил Вселенскиот Патријарх.

Вчера на Крит беше ден за пречек на поглаварите и делегациите на православните цркви учесници во Светиот и Голем Собор.

Првата голема манифестација на Собор, пред неговиот официјален почеток ќе се случи денеска во Православната академија на Крит. Предвиден е синаксис (собрание) на поглаварите на помесните Православни Цркви.

На седницата ќе се дискутира за посланието на Соборот, подготвено во текот на изминатата недела од посебна предсоборна комисија.

/РЕЛИГИЈА.МК

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *