Почетна Вести Вартоломеј по 93 години отслужи литургија во Измир
Вартоломеј по 93 години отслужи литургија во Измир

Вартоломеј по 93 години отслужи литургија во Измир

167
0

Околу 200 православни христијани присуствуваа на литургијата во храмот посветен на Св. Харалампиј – некогашниот соборен храм на турскиот град Чешме, што се одржа по 93 години по  прогонот на православното население од Мала Азија во текот на 1922 година.

Патријархот Вартоломеј во својата посета на Смирна (Измир), присуствуваше на двата празници посветени на Св. Вукол (првиот епископ Смирненски), и на Св. Харалампиј (епископ Магнезијски).

За празникот на Св. Вукол од Грција пристигнаа тројца митрополити. Денеска, пак, двајца грчки митрополити заедно со Вселенскиот Патријарх Вартоломеј присуствуваа и на првата после 93 години Литургија во чест на Св. Харалампиј.

Меѓу другото, Патријархот Вартоломеј си спомна и за многуте верници кои се упокоија, или маченички пострадаа во трагичните собитија во текот на 1922 година, велејќи: „Ништо не сме заборавиле, ниту смееме да заборавиме, ништо не е бесповратно загубено. Се стремам кон тоа пожртвувано да им служам на православните христијани и денес, кога се трудиме да изградиме добри односи со инородните и иноверните“.

На крајот од Литургијата, Патријархот ги причести повеќето од присутните верници, а после тоа им подели икони со ликот на апостолите коишто поминале и проповедале во тие краишта во I век.

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *