Почетна Вести Европа Вартоломеј на средбата со Бајден – верските лидери ќе помогнат во борбата со Ковид 19+
Вартоломеј на средбата со Бајден – верските лидери ќе помогнат во борбата со Ковид 19+

Вартоломеј на средбата со Бајден – верските лидери ќе помогнат во борбата со Ковид 19+

125
0

Вселенскит патријарх Вартоломеј му дал ветување на американскиот претседател Џо Бајден дека заедно со папата Франциск и други верски лидери ќе помогнат во повикување на граѓаните да се вакцинираат против ковид-19.

Ваквата иницијатива Вартоломеј ја најави по средбата со Бајден во Белата куќа, нагласувајќи дека претседателот е „верник и човек со визија и ние знамеме дека ќе им понуди на оваа прекрасна држава и на светот најдобро лидерство и насока во негова моќ“.

„Претседателот ја прифати нашата заедничка иницијатива со задоволство“, додаде Вратоломеј за новинарите.

Претседателот Бајден, пак, му честитал на Вартоломеј за триесет години морал и духовно лидерство како екуменски патријарх.

„Тие ги дискутираа напорите за справување со климатските промени, чекорите да се стави крај на глобалната пандемија на ковид-19, и значењето на верската слобода како фундаментално човеково право“, се вели во соопштението од Белата куќа.

Во него се нагласува дека на состанокот била потенцирана клучната улога што верските заедници ја имаат во борбата против глобалните предизвици, како и децениските партнерство и пријателство меѓу Бајден и екуменскиот патријарх.

Пред да се сретне со Бајден, Вартоломеј првапт се сретна и со државниот секретар на САД Ентони Блинкен.

Вартоломеј го информирал Блинкен за разни прашања кои ги загрижуваат православните христијани, како и за неговата визија за промоција на меѓуверски дијалог и за кревање на свеста за здрава животна средина.

Во соопштението од патријархот се вели дека „тој ја адресирал потребата од итна политичка акција во одговор на климатската криза, потенцирајќи ја одговорноста на сите лидери да ги исполнат нивните ветувања за да ги адресираат климатските промени“.

Тој, исто така, му се заблагодарил на Блинкен за поддршката на американската администрација за вселенската патријаршија и нејзините идеи и вредности, истовремено обидувајќи се да преживее на историскиот престол во Истанбул.

Пред неговото доаѓање, група сенатори предводени од Боб Мененедез и Марко Рубио, испратија писмо до Бајден, во кое го повикаа претседателот да го пречека Вартоломеј со „почести какви што заслужува“, нагласувајќи дека тој претставува фигура која игра значајна улога во промоција на мир преку меѓуверски диjалог, како и оти претставува пионер во прашањата за заштита на животната средина.

/Глас На Америка

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *