Почетна Вести Вартоломеј молчи за последниот ултиматумот од Кирил
Вартоломеј молчи за последниот ултиматумот од Кирил

Вартоломеј молчи за последниот ултиматумот од Кирил

439
0

Вселенската патријаршија, организациониот одбор на Сеправославниот Собор, како и Патријархот Вартоломеј лично, се уште молчат по вчерашната одлука на Синодот на Руската православна црква, уште еднаш да побара одлагање на Соборот закажан за следната недела на Крит, во спротивно дека нема да учествува во работата на Соборот.

Sinod Ruska pravoslavna crkvaДел од медиумите во Грција, но и во Русија пишуваат дека денеска се очекува реакција од Патријаршијата во Фанар, но дека таа мена да се разликува од досегашните позиции на Вселенскиот патријарх.

Синодот на РПЦ-МП, вчера на вонредна седница изгласа вонреден став, кој го поддржаа сите митрополити, членови на Синодот.

Во него јасно стои дека единствено можно решение за настанатата ситуација, во која четири цркви откажаа учество на Соборот е продолжување на подготовките на Соборот со општоправославна согласнот за негово одрќување во некое друго време.

Синодот на Руската православна црква – Московска Патријаршија одлучил:

  1. Да ги поддржи предлозите на Антихиската, Грузиската, Српската и Бугарската црква за одлагање на Сеправославниот Собор за време кој ќе биде утврдено откако со општоправославно разгледување и под задолжителни услови на кои ќе се согласат поглаварите на сите општо признати Автокефални Православни цркви.
  2. Веднаш треба да се испрати соодветен предлог до Неговата Светост, Патријархот Константинополски Вартоломеј и до сите поглавари на помесните православни цркви.
  3. Во случај, Најсветата КЈонстантинополска Црква да не го прифати овој предлог, а Соборот на Крит и покрај тоа што нема согласност од неколку помесни православни цркви, сепак биде свикан, со длабока жал треба да се признае дека делегацијата на Руската православна црква нема да може да учествува во него.
  4. Треба да се продолжат сите напори за јакнење на општоправославната соработка во подготовка за идниот Свет и Голем Собор, кој е повикан да биде вистинско сведочење на единството на Светата Соборна и Апостолска црква.
  5. Повторно треба да се потенцира мислењето дека како успешен крај на подготовките за Соборот може да послужи активирањето на работата на Сеправославниот секретаријат во рамки на можните проучувања на предлозите за решение на проблематичните реми, регулирање на постојните несогласувања, доработка на потребните документи и отстранување на сите пречки за свикување на благодатно завршување на Светиот и Голем Собор на Православната Црква.
  6. Изјавуваме дека имајќи ги предвид предлозите кои ги искажуваат помесните православни цркви, исклучително важно е на идниот Собор без ограничувања да можат да учествуваат сите архиереи на Светите Божји Цркви, бидејќи тоа несомнено ќе придонесе кон авторитетот на одлуките кои ќе бидат донесени на Соборот.

/РЕЛИГИЈА.МК

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *