Вартоломеј: „Ја продолжуваме борбата на нашиот живот како Ромеи Православни Христијани на Градот“

Date:

Share post:

Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј чиноначалствуваше со Светата Литургија по повод празникот Вознесение Господово што се одржа во четврток, 13 јуни, во истоимениот храм во населбата Ипсоматија во Цариград.

Пред Светата Литургија, Неговата Сесветост изврши осветување на ново реновираниот храм, за чијашто реконструкција се погрижи и ја финансираше самата заедница на православните од населбата.

На Литургијата сослужуваа Митрополитот на Крф г. Нектариј, заедно со свештеници од неговата епархија.

Во својот говор, Неговата Сесветост ја истакна важноста на празникот, нагласувајќи дека „Господ, откако се вознесе на небото, не го остави светот како сирак. И Самиот е тука и секогаш ќе биде меѓу нас, ’до крајот на светот‘, и Тој Го испрати Светиот Дух, за да остане во Неговата Црква и да ја води во секоја вистина. ’Господ се вознесе на небото за да го испрати Утешителот на светот‘. И ќе се врати, кога ќе дојде полнотата на времето, за да им суди на живите и на мртвите“.

Во друг дел од својот говор, Неговата Сесветост истакна дека „со истата увереност дека не сме сами, туку дека Оној Кој се вознесе од нас на небото постојано останува со нас, продолжуваме со борбата на нашиот живот како Ромеи Православни Христијани на овој Град, со храброст, со љубов кон сите, со надеж за подобро утре, со благодарност кон Бога за сето што ни го дарувал, дури и за евентуалните таги и маки на животот“.

Потоа, тој му се заблагодари на верниците што се собраа во тој единствен храм во Цариград, кој е посветен на Вознесението.

„Исто така, ѝ честитаме на почитуваната Црковна комисија на оваа Заедница за извонредната и достојна за пофалба работа во овој историски свет храм. Инаку, Ромејството на Градот се одликува со љубовта и грижата за храмовите, за светилиштата и за светите извори, кои ги украсува и ги одржува дури и со своите сиромашни средства; околу нив се испреплетува целиот нејзин живот, кој има силен побожен карактер. Црквата е Центарот не само на православната христијанска заедница, туку и на целиот живот на Ромеите од Градот.

Можете ли да го замислите нашиот живот тука, чеда возљубени, без Светата Велика Христова Црква, нашата Вселенска Патријаршија, и далеку од Храмот на вашата Заедница? Невозможно е! А што сè не се случило од времето кога е основан овој Храм на Вознесението! Колку промени претрпел целиот свет! Со колку бури се соочила Црквата и Заедницата! Навистина, имало моменти кога „ бевме оптоварени прекумерно, дури преку нашите сили, ние не се надевавме ни живи да останеме“ (2 Кор. 1:8). И сепак, денес сме тука, со воскресна радост во нашите срца и со надеж за утре, и сите заедно славиме историски момент во животот на една почитувана Заедница на нашата Света Архиепископија. Слава на Бога за сè!“

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Нов 21 метарски крст во Скопје

Од минатата сабота, на празникот Митровден, небото над Раштак и Скопска Црна Гора доби нов симбол – светлечки...

Ватикан покрена истрага против швајцарски гардист поради наводен антисемитски инцидент

Ватикан започна истрага поради наводен антисемитски инцидент во кој припадник на Папската швајцарска гарда, за време на папска...

Незадоволство во редовите на Руската православна црква: свештеници проговорија за војната и лицемерието на системот – III

Го напуштив свештенството во Руската православна црква – не сакам повеќе да се мачам во атмосфера на дволичност...

Православната вера отсега ќе може официјално да се изучува во холандските училишта

Каде и да има родители што ќе ги запишат своите деца, и обучени наставници кои се достапни, ќе...